| Нимиц во Скопје |
Метју Нимиц, посредникот на ОН во спорот за името, на 23 февруари доаѓа во Скопје.-Овој предложен датум од страна на македонската Влада медијаторот Нимиц го прифати, и го потврди своето доаѓање во Скопје- велат од МНР. Од МНР се надеваат дека наскоро од грчка страна ќе биде усогласен термин за посета на Атина. Ванеса Маестрачи, портпаролката на ОН, соопшти дека амбасадорот Нимиц работи на пронаоѓање заеднички датум за посета на регионот на покана од двете земји. Датумот ќе се објави откако ќе биде постигнат договор. Коментари (0)
![]() Напишете коментар
|


Метју Нимиц, посредникот на ОН во спорот за името, на 23 февруари доаѓа во Скопје.
