Претседателот Иванов на брифинг во Министерство за одбрана
Претседателот Иванов на брифинг во Министерство за одбрана.
Претседателот на Република Македонија и врховен командант на оружените сили, Ѓорге Иванов, денес ќе биде брифиран за борбената готовност на АРМ за 2009 година.

Брифингот претставува редовна обврска на Генерал Штаб на АРМ за борбената готовност.

На претседателот Иванов ќе му биде изреферирано се околу реализација на плановите и задачите во 2009 година, во согласност на функционалните области на АРМ, а кои се однесуваат на персоналниот менаџмент, заштитата на силите, операциите, обуката и вежбите и логистичкото обезбедување.

Брифингот ќе се одржи во Министерство за одбрана, каде ќе присуствуваат министерот за одбрана Зоран Коњановски, началникот на Генералштабот на АРМ  генерал-потполковник Мирослав Стојановски, командантот на Здружената оперативна команда на АРМ генерал-мајор Зоран Димов и дел од персоналот на ГШ на АРМ.
Коментари (0)Add Comment

Напишете коментар

busy