| Кривична за "балконскиот" разбојник |
Кривична пријава е поднесена против лицето С.Ј. (21) поради сомневање дека извршил тешка кражба на бул.”Партизански одреди” во период од 6 до 8 овој месец.Осомничениот во станот, кој се наоѓа на приземјето од зградата, се прекачил преку балконот и влегол во станот преку кујната. Од него украл златен накит и техника вредни околу 50.000 денари. По наредба на Истражен судија извршен е претрес во куќата во која престојувал пријавениот на ул.„Црногорска“, во која се најдени златен накит и техника кои потекнуваат и од претходни кражби извршени низ Скопје. Пронајден е и алатот со кој се извршени кривичните дела. Постојат сознанија дека пријавениот е сторител на уште 20-тина вакви кривични дела во населбите Аеродром и Лисиче. Полицијата работи на нивно документирање, по што против сторителот ќе биде поднесена соодветена пријава. Осомничениот и порано е пријавуван за кривични дела. Коментари (0)
![]() Напишете коментар
|


Кривична пријава е поднесена против лицето С.Ј. (21) поради сомневање дека извршил тешка кражба на бул.”Партизански одреди” во период од 6 до 8 овој месец.
