| Ќе се одблокираат сметките за фирмарина |
Градот Скопје денеска ќе ги одблокира сметките на сите должници -обврзници за плаќање фирмарина и ќе ја одложи присилната наплата заклучно со 30 април 2010 година.Градот Скопје е законски обврзан да ги утврдува комуналните такси и да ја врши наплатата на начин предвиден со Законот за комунални такси, Законот за даноци на имот и Одлуката на Советот на Град Скопје од 2005 година. Ги потсетува сите обврзници дека се должни да ги пријават сите промени што се од значење за утврдувањето и наплатата на даноците и комуналните такси, како и да бараат исправка на можни грешки во даночната евиденција и донесените акти од надлежност на Градот Скопје. Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, на денешната прес-конференција изјави: -Во рамките на мојата надлежност ќе му предложам на Советот на Град Скопје соодветни измени во Одлуката за комуналните такси. Ќе му предложам на Советот на Град Скопје да донесе и одлука со која ќе се изврши отпис на побарувањата по основ на комунална такса настанати до 2006 година. Ќе покренам и законодавна иницијатива за измена на Законот за комуналните такси, со што таксата за фирма како јавна давачка би се утврдувала сразмерно на економските ефекти кои ги остваруваат субјектите
Администрацијата на Градот Скопје достави опомени до евидентираните должници, но бидејќи должниците не ги подмириле долговите во предвидениот рок, во согласност со Законот за даноци на имот се пристапи кон присилна наплата на долговите со блокирање на сметките на обврзниците. Коментари (1)
![]() напишал Trajan, February 08, 2010
мора конечно да се воведе ред и да се плаќаат давачките, иако не се согласувам (доколку е точно) доколку и некој кој е поединец и некој со 100 вработени да плаќаат иста или слична сума. Тоа не е фер. Мора да е според бројот на вработени! Поздрав до Курир ве читам редовно!
Пријавете несоодветен коментар
гласај против
гласај за
Гласови: +1
Напишете коментар
|


Градот Скопје денеска ќе ги одблокира сметките на сите должници -обврзници за плаќање фирмарина и ќе ја одложи присилната наплата заклучно со 30 април 2010 година.
