| Започнува бањското рекреирање за пензионерите |
Министерот за труд и социјална политика Џељаљ Бајрами, по повод отпочнувањето на програмата за бањско-климатска рекреација заедно со заменик министерот Спиро Ристовски и државниот секретар во ова Министерство Марјанчо Тодоровски, ќе ги поздрават пензионерите од првата група корисници на услугата за бањско-климатска рекреација. Министерот Бајрами ќе ги посети Дебарски Бањи крај Дебар, заменик министерот Ристовски Катлановска Бања во околината на Скопје. Државниот секретар Тодоровски, пак, ќе ги посети Негорски Бањи близу Гевгелија и Бања Банско во струмичко. Првата група од околу 500 пензионери, од вкупно планираните 10.000 за годинава, денеска заминуваат на бањско лекување во четирите бањи во земјава - Дебарски бањи, Катланово, Негорски и Бања Бањско. ![]() Договорот што беше потпишан од страна на министерот и сопствениците на читирите бањи, им дава можност на пензионерите бесплатно да ги користат услугите. За време на лекувањето лицата ќе имаат три платени оброци е редовна медицинска нега. Претставниците на бањите се исто така задоволни задоволни од потегот на Владата бидејќи сметаат дека на таков начин и тие ќе можат да ја развиваат оваа дејност и да нудат подобри услови за бањско лекување. Одлуката државата да обезбеди средства за бањско лекување на 10 илјади пензионери Владата ја донесе кон крајот на минатата година, а целиот проект се проценува дека ќе чини 90 милиони денари. Во основа на критериумите спрема кои беше потпишан договорот, предност за користење на бањските услуги ќе имаат пензионерите со помали пензии. Коментари (0)
![]() Напишете коментар
|


Министерот за труд и социјална политика Џељаљ Бајрами,

