Во Торонто, Канада почина големиот борец за македонски човечки права, Васко Панчаровски
Во Торонто, Канада, на 77 годиша возраст вчера почина големиот хуманист Васко Панчаровски, еден од најголемите борци за македонските човечки права во дијаспората.

Придонесот на Панчаровски во борбата за правата на Македонците во соседните земји е огромен. Васко Панчаровски, пред 22 години, беше еден од основачите на Македонското интернационално движење за човечки права и иницијатор за формирање на Здружението на децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија на Северноамериканскиот континенент.

Роден е во село Габреш, Костурско, Егејска Македонија. Ја доживува голготата на децата бегалци од Граѓанската војна во Грција, жртви на грчкиот монархофашизам. Живее во Чехословачка се до доаѓањето во Канада.

Дипломира на Универзитетот во Прага на групата за историја и географија.

Коментари (0)Add Comment

Напишете коментар

busy