Милошоски и предложи на Бакојни отвoрање нов граничен премин

“Отворањето на граничниот премин би претставувало значаен чекор кон остварување на декларираните заложби за добрососедство, со што ќе се поттикне развојот и соработката во областа на туризмот меѓу нашите држави, а истото би било и во функција на интензивирање на трилатералната соработка и сообраќајот меѓу Република Македонија, Република Грција и Република Албанија во рамките на Евро-регионот Преспа“, се вели во писмото на Милошоски.

Според министерот, отворањето на граничниот премин би претставувало значаен чекор кон остварување на декларираните заложби за добрососедство, со што ќе се поттикне развојот и соработката во областа на туризмот меѓу двете држави, а истото би било и во функција на интензивирање на трилатералната соработка и сообраќајот меѓу Македонија, Грција и Албанија во рамките на Евро-регионот Преспа.
Милошоски предложил да се одржи работна средба помеѓу двете министерства на крајот на месец мај.

На крајот од писмото министерот итакнува верување во натамошниот развој на соработката помеѓу Република Македонија и Република Грција и надеж дека и Бакојани и Грција го споделуваат мислењето за потребата од отварање на уште еден граничен премин, како мала, но значајна нишка во процесот на градење на добрососедските односи.

Коментари (0)Add Comment

Напишете коментар

busy