Стартуваше почетокот на реконструкцијата на дел од регионалниот пат Илинден - Калуѓерец
Премиерот Никола Груевски денеска кај крстосницата меѓу патот за Драчево и патот за селото Батинци го стартуваше почетокот на реконструкцијата на дел од регионалниот пат Илинден - Калуѓерец во должина од 19 километри.

- Подобрувањето на патната мрежа е еден од основните предуслови за да обезбедиме забрзан, олеснет и ефикасен транспотрт на стоки и патници низ нашата земја што им е од особена важност на странските и домашните инвеститори при носење на нивната одлука да инвестираат во Република Македонија, порача премиерот Груевски на отпочнувањето на реконструкцијата.

Тој истакна дека за Владата подобрувањето на патната мрежа ширум државата е инвестиција во подобра бизнис клима, привлекување на нови инвеститори и подобрување на квалитетот на животот на граѓаните.

- Модернизацијата на патната мрежа во овој дел на Република Македонија е долгогодишна потреба и одраз на развојните планови и просторниот план на државата уште од пред 20 години. Токму затоа денеска ми е задоволство што отпочнуваме со реконструкција на регионалниот пат Р-104 кој има големо значење за патната мрежа во северниот дел на Република Македонија, рече премиерот Груевски.

Тој посочи дека реконструкцијата на оваа делница е дел од капиталниот проект за реконструкција и рехабилитација на 11 регионални патни правци кој Владата го започна со вчерашното отпочнување на реконструкцијата на регионалниот пат Неготино - Лакавица.

- Во рамките на овој проект во наредните две недели ќе започне реконструкција на уште девет патишта ширум нашата држава, рече Груевски, истакнувајќи дека Владата има обезбедено средства за реконструкција на повеќе стотици регионални и локални патишта до 2011 година.

 Директорот на Агенцијата за државни патишта Наташа Волгановска нагласи дека патот Р-104 ги поврзува општините Илинден, Кисела Вода, Сопиште, Зелениково, Студеничани и Македонски Брод, како и повеќе населени места.

Таа прецизира дека на овој патен правец ќе се изврши надрградба на асфалтниот коловоз од крстосницата кај село Батинци до село Говрлево и надградба на патот кон Марков Манастир. - Со реконструкцијата ќе се олесни комуникацијата на жителите од населените места на патот со што значително ќе се зголеми безбедноста на движењето. Патотќе се поврзе со новиот пат во Поречието чија градба почна пред неколку недели, рече Волкановска.

За реконструкцијата, која е дел од Програмата на Владата, обезбедени се 144 милиони денари. Градежните работи ќе бидат завршени во наредните пет месеци, а ќе ги ги изведува градежната фирма „Алпина Баот“.

Вкупно осум милијарди евра се предвидени за рекоснтрукција на магистралните, регионалните и локалните патишта ширум Македонија кои ќе се реализираат во периодот 2009-2016 година. Во рамките на нив е предвидена и рекнструкција на 30 регионални и на над 200 локални патишта.

 

Коментари (0)Add Comment

Напишете коментар

busy