Започна протестот на плоштад, засега без инциденти
Околу 200 луѓе денеска точно на пладне го започнаа својот протест на плоштадот Македонија во Скопје, кој е дел од најавуваниот целодневен настан „Плоштад Слобода“.

Репортерот на Макфакс, јавува дека демонстрантите со свирчиња и тропање мирно протестираат за зачувување на правото на различно мислење, животен стил, на правото на слободен собир и протест, како и против изградбата на било каков објект на плоштадот.

Меѓу присутните може да се забележат лица активни во политичкиот живот на земјава, како Љубомир Фрчкоски, Ѓунер Исмаил, Владе Милчин, Слаѓана Тасева и други.

Освен демонстрантите, на плоштадот нема други групи и протестот за сега поминува во мирна атмосфера.

Протестот го обезбедуваат засилени полициски сили од редовниот состав на полицијата.

Акцијата ја покренуваат над 30 невладини организации од Македонија и индивидуални активисти, поттикнати од случувањата на 28. март на плоштадот Македонија, кога група граѓани кои протестираа против изградба на објект на плоштадот беа физички нападнати од друга група, поддржувачи на идејата за изградба на црква.

Copyright 2009 makfax. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со makfax.

Коментари (0)Add Comment

Напишете коментар

busy