Околу 25.000 луѓе протестираат против Саакашвили

Околу 25.000 лица втор ден по ред денеска протестираат, барајќи оставка од грузискиот претседател Михаел Саакашвили.


Лидерите на опозицијата денеска треба да најават план за натамошна стратегија, бидејќи Саакашвили предпладнето најави дека нема да поднесе оставка пред крајот на мандатот во 2013 година.

Оставка од Саакашвили вчера бараа 60.000 демонстранти во Тбилиси. Тие го обвинија за поразот од Русија во минатогодишната војна, како и за задушување на демократијата.

Лидерите на опозицијата денеска пак му дадао на Саакашвили време до пладне до 14 часот да поднесе оставка.

Коментари (0)Add Comment

Напишете коментар

busy