| Црвенковски им го честита Велигден на католиците |
|
“На овој голем празник за христијанскиот свет, сакам да ве повикам вас да продолжите како досега, така и во иднина, непрекинато да го заложувате вашиот авторитет и духовна сила за натамошно почитување на верската различност и унапредување на меѓусебната толеранција и соживот на сите граѓани на Македонија. Да останеме и понатаму цврсто обединети во заедничкиот стремеж за промоција на вредностите кои ќе и помогнат на Македонија во остварувањето на поголема духовна и материјална благосостојба, за да можат сите граѓани да живеат во општество во кое ќе владее солидарноста, праведноста и добрите меѓучовечки односи. Повторувајќи ги моите искрени желби до вас лично и до сите верници од католичка вероисповест, ви посакувам Велигденските празници да ги поминете во кругот на семејството во добро празнично расположение”, се вели во честитката. Коментари (0)
![]() Напишете коментар
|




