Боцевски се сретна со бугарските европратеници Младенов и Кирилов

Вицепремиерот за европски прашања Ивица Боцевски денеска се сретнал со бугарските европарламентарци Николај Младенов и Евгениј Кирилов.

Како што информираа од секретаријатот за европски прашања на средбата Боцевски ги запозна европратениците со македонските приоритети  во однос на европската интеграција. Исто така се разменија мислења во однос на изборниот процес во Македонија како и претстојните избори за пратеници во Европскиот парламент.

Европратениците го покренаа и прашањето за бугарските споменични обележја во Македонија, при што вицепремиерот Боцевски истакна дека прашањето ќе биде решено согласно европските практики и дека во таа насока беа обновени спомениците во Ново Село и битолско. Боцевски исто така истакна дека станува збор за техничко прашање кое треба да се реши во духот на европските искуства како што е примерот со германските споменици во Франција и со британските споменици во Германија“, се вели во соопштението.

“Мртвите треба да се успокојат, да се почитуваат и да почиваат во мир, а Балканот да престане да се занимава со коските на мртвите и подвизите и несреќите од минатото и да се фокусира на заедничката европска иднина и предностите кои ги пружат таа за добрососедските односи и демократскиот и економски развој на регионот“, истакнал Боцевски.

Коментари (0)Add Comment

Напишете коментар

busy