Објавен конкурс за запишување на ученици во јаните средни училишта
Министерството за образование и наука денеска го објави Конкурсот за запишување ученици во јавните средни училишта во учебната 2009/2010 година во Република Македонија, на наставен македонски, албански, турски и српски јазик.

Според Конкурсот, за гимназиско, стручно четиригодишно, стручно тригодишно и за уметничко образование има 37.311 слободни места, од кои 11.217 се за средните училишта во Град Скопје. 

Пријавувањето и запишувањето на учениците се врши во два уписни рока, во јунски и августовски, со две пријавувања во јунскиот и едно пријавување во рокот во август. Првото пријавување во јунскиот рок е на 17 и 18 јуни, а второто на 29 и 30 јуни 2009.

Критериуми за избор се среден успех на ученикот од петто до осмо одделение, среден успех постигнат по четири предмети (мајчин јазик, странски јазик и два предмета важни за струката за која ученикот конкурира), дипломи за освоено прво, второ и трето место на  меѓународни и републички натпревари и средна вредност од поени добиени за поведение. За секој критериум ученикот добива одреден број поени, а по сите утврдени критериуми може да добие најмногу 80 поени. Начинот на пресметката на поените е појаснет во Конкурсот.

Во училиштата каде што ќе се пријават поголем број ученици од планираниот број со еднаков број поени, ќе се организира квалификациско тестирање од предметите значајни за струката.

Пријавувањето и запишувањето во августовскиот рок ќе се врши на 19 август 2009 година.

Коментари (0)Add Comment

Напишете коментар

busy