Преку ДИК поднесени 18 тужби до Управниот суд
До Управниот суд преку Државната изборна комисија се поднесени 18 тужби. Од нив, како што соопшти ДИК, три тужби се од коалицијата ВМРО Демократска партија – ТМОРО - ВЕП, девет тужби се од Партијата за нова демократија, пет од коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ и една тужба е поднесена од Група избирачи В. Ц од Охрид.

Државната изборна комисија утрово го заврши разгледувањето на последниот приговор, поднесен од СДСМ, што се однесуваше на утврдување на резултатите од гласањето за советници во општина Тетово.

- Пребројувањето на гласачките ливчиња во 19 избирачки мест беше извршено во присуство на сите членови на Општинската изборна комисија Тетово. Преостанува да се направат исправки во конечниот записник на Општинската изборна комисија. Потоа ќе може да се изврши поделба на советничките мандати според донтовата формула, се вели во соопштението од ДИК.

Коментари (0)Add Comment

Напишете коментар

busy