| “Супер компјутер“ веќе собира информации за екстерните тестови во училиштата |
|
“Овој централизиран систем и беше неопходен на нашата државна администрација. Тој значително ќе ги подобри услугите за граѓаните и приватниот сектор. Развојот на информатичкото општество продолжува со темпо кое што во извештајот на Европската комисија во 2010 ќе не стави во првите 15 земји“, изјави министерот Ивановски. Овој компјутерски систем, во вкупна вредност од 700 илјади евра, е со капацитет истовремено да поддржува 100 илјади корисници и се состои од 13 блејд сервери од кои 8 се апликативни. Секој од 8-те сервери има по 8 јадра на процесори и 32 гигабајти на рам меморија. Секој од овие 8 сервери пак е дополнително виртуелно поделен на 8 сервери, како се добива впечаток дека има 64 моќни сервери. Со денешното свечено пуштање во употреба, напомена министерот Ивановски, веќе се процесираат информации за екстерните тестови кои треба да се спроведат на крајот од учебната година. Коментари (0)
![]() Напишете коментар
|




