|
Понеделник, 08 Февруари 2010 12:20 |
 Проектот за изгледот на централното градско подрачје реално остварлив е заклучокот на учесниците на трибината „Скопје - 2014 година“ организирана од Институтот „Павел Шатев“.
- Хроничарот Данило Коцевски потсети дека малку е познато оти на потегот од Камениот мост, од левата и десната страна, целиот простор бил преполн со објекти и дека во тоа време постоеле црковниот музеј, во рамки на црквата „Св. Мина - Првата зграда градена на тој простор е скопската Митролија, изградена во 1873 година. Тоа е првиот објект граден во стилот барок, истакна Коцевски.
Според него, градот Скопје стислки секогаш бил измешан, а од истражувањата се покажува дека сите објекти во централниот дел имале елементи на барок, класицизам и неокласицизам.
Архитектот Вангел Божиновски потенцира дека од 1914 до 2014 година, за сто години градската управа или власт, не собрала сила да направи плоштад.
Божиновски праша зошто претходните власти не успеале да го направат плоштадот. - Станува збор за неспособност, пред се страв, рече Божиновски.
Уметникот Сашо Гигов рече дека е подобро да се гради, а потоа да се коментира. Тој додаде оти е срамота што до сега не е направен споменик на Александар Македонски.
За Васко Шутаров, пратеник во Собранието на Република Македонија, Скопје е метропола која емитува пораки, кон сите граѓани и кон посетителите.
Тој потенцира дека културата на градење ја следи страв, отпор и загрозеност од градењето. - Најмногу од градење се плаши невештиот, кој не сака да гради, на кој не му е својствено градењето, рече Шутаров и потсети оти порано градителството во нашата традиција било проследено со радост и граделе сите.
 |