|
Четврток, 04 Февруари 2010 17:31 |
 Општина Центар заедно со Mинистерството за култура денеска визуелно го претставија проектот „Скопје 2014“.
Изградбата на Православниот храм „св. Константин и Елена“, споменикот на Александар Велики качен на коњ на висока фонтана се само еден дел од триесетината објекти кои што ќе се градат. Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска посочи дека заложбата на Владата е да остави значен белег, вреден документ за времето во кое дејствувале.
Kако што рече таа, се добива метропола богата со знаменитости и градби, низ кои проникнува македонскиот идентитет. Скопје треба да има ново лице – изјави градоначалникот на општина Центар Тодоровиќ. Тој најави дека се работи на поставување на двата постаменти за спомениците на Гоце Делчев и Даме Груев, а во текот на денот, како што рече, ќе почнат и градежните работи. Тодоровиќ најави дека на плоштадот ќе почне дислокација на инфраструктурата за изградбата на фонтаната. Наskoro kе почне изградбата и на постаментите за двата лава, кои ќе бидат поставени пред мостот „Гоце Делчев“, доаѓајќи од Владата кон мостот. Спомениците на Методија Андонов Ченто, Цар Самоил и Јустинијан Први се изработуваат од мермер, а сите останати меѓу кои и на Гоце Делчев, Даме Груев, на Гемиџиите, Св. Кирил и Методиј, Св. Климент и Наум, лавовите на мостот „Гоце Делчев“,... ќе бидат во во бронза. Според деталниот урбанистички план, спроти кафе барот Тренд и на локацијата до поранешниот Офицерски дом е планирана изградба на хотели. Предвидена е изградба и на православен црковен храм „Св. Константин и Елена“. Локацијата и припаѓа на МПЦ која одлучува кога ќе се реализира нејзината изградбата на црквата.
 |