Дали со забраната за поставување на македонското знаме, Стевчо Јакимовски сака да си ги покрие криминалите со ОКТА и Катланово
Недела, 31 Јануари 2010 10:52

 Колку лесно е рездразливо нашето општество  покажа последниот случај во кој градоначалникот  на Општина Карпош, Стевче Јакимовски се противеше на поставувањето на јарбол со македонско знаме на територијата на оваа општина.

Оваа тема лесно се претвори во мегдан за политичко  препукување на партиите.

Но сепак  од прашината која се крена околу  овој проект на Владата, се чини дека во позадина не се дозволи да се видат вистинските причини кои доведоа до овој случај на негодување и расправа.

      Стевче  Јакимовски, човек кој го поминува вториот мандат како градоначалник на општината Карпош, и човек кој важеше за тврдо крило и опозиција на Манасиевски во партијата ЛДП, во декември минатата година објави дека преминува во СДСМ. Така Стевче го облече новиот дрес, и го започна својот поход на внатре партиско докажување и изразување лојалност.

      Она што стана карактеристика на Јакимовски е давањето на брзи, нервозни и непромислени изјави. Сите ги паметиме неговите изјави дека работниците во Македонија се заштитени како “мечки од планина”, “Да умрам немаше да знам дека Македонија е правна држава”...

      Како  и да Стевчо Јакимовски секогаш знаел  од малите работи да направи голема тема. Таков е и случајот со поставувањето на темелите на јарбол со државното знаме во неговата општина. Причините кои ги наведува Стевче, дека за поставување на јарболот е потребна дозвола од општината Карпош и дека со поставувањето на знамето ќе се наруши хортикултурното уредување се неизмерно неодржливи.

      Kако што Јакимовски го изгради мостот Влајко на територија што е под надлежност на град Скопје, исто и сега преку упад во надлежностите Јакимовски попречува изградба на јарбол. Но она што изненадува е жестокоста со која настапува Стевче против овој проект на Владата. Можеби зад ова се крие неговата желба да го одвлече вниманието на јавноста од скандалите направени во негово време, а кои сега актуелизираат.

      Имено Стевче Јакимовски сака да избега од она  што како петно стои во неговата кариера како министер за труд и  социјална политика.

Стевче Јакимовски, како министер за труд и социјална политика  лично барал и издејствувал бездомниците од Скопје да се сместат во невладината организација “Истражувачка станица Катланово“чие седиште е домашната адреса на Јакимовски. Исто така Стевче Јакимовски, со својот личен потпис на фактурите од неговото Министерство префрлал огромни суми на пари на својата домашна адреса на улицата Владимир Каваев бр 10А, која воедно била и седиште на неговата невладината организација.  Стевчо Јакимовски со склучениот договор, на својата невладина организација и гарантира исплата од 20 000 денари секој ден, односно 10 000 евра месечно.

      Вториот случај за која Јакимовски не даде одговор е случајот ОКТА. Како и зошто склучува анекси на купопродажниот договор со ОКТА во време кога е јасно дека ОКТА ќе ја тужи државата, се прашањата на кои треба да одговори Јакимовски.

      Се  чини дека  ситуацијата со поставувањето на јарболот со државното знаме претставува добар политички спин од страна на Јакимовски и бегство да одговори на овие прашања Јакимовски.

      Сепак не треба да се потцени капацитетот  на Јакимовски. Останува времето да покаже дали Јакимовски на овој начин сака да си ги покрие криминалите со ОКТА и Катланово

Коментари (2)Add Comment
...
напишал nepoznat, February 02, 2010
TRgnete go ova gubrevo od tuka inaku ke pisuvam se protiv vas. smilies/angry.gif
Пријавете несоодветен коментар
гласај против
гласај за
Гласови: +3
...
напишал kire, February 07, 2010
Stevco Jakimovski e najdobriot gradonacalnik sto Opstina Karpos go ima! Dpmne moze da sonuva deka ke ima vakvi kadri kako Stevce Jakimovski!
Пријавете несоодветен коментар
гласај против
гласај за
Гласови: -1

Напишете коментар

busy