| Србија незаинтересирана за влез во НАТО |
Министерот за надворешни работи на Србија Вук Јеремиќ, на конференцијата за безбедност во Минхен изјави дека нема да се прават чекори кои ќе ја водат Србија кон членство во НАТО, ниту пак некој друг воен соуз, но во поддршката на мирот и стабилноста, Белград ќе соработува со Алијансата и сите други земји од западниот Балкан.
Јеремиќ истакна дека политиката на воена неутралност е приоритет за Белград. Тој исто така изрази загриженост за стабилноста во Косово, особено по најавите дека би можело во северниот дел на новоформираната држава да дојде до нелегални активноти. Оваа изјава на Јеремиќ доаѓа во време кога руската воена доктрина смета дека проширувањето на НАТО е посочена како закана за безбедноста на Русија и преставува јасна порака на оваа земја кон земјите кои планираат да се приклучат кон Алијансата , вклучувајќи ја и Србија. Ако на ова се додаде и изјавата на Рускиот амбасадор во Белград Александар Конузин, дека местото на Србија не е во НАТО, покажува дека Москва во иднина ќе испраќа јасни сигнали кон Белград, и ако Србија сака да биде сојузник на Русија, таа не треба да станува членка на овој воен сојуз. Коментари (2)
![]() Напишете коментар
|


Министерот за надворешни работи на Србија Вук Јеремиќ,
