|
Се стравува дека во експлозијата на термоцентрала во изградба во градот Клина, во американската држава Конектикат, загинаа десетици луѓе, досега е потврдено дека пет лица загинаа.
Пожарникарите се сомневаат дека експлозијата е предизвикана од истекот на природниот гас во термоцентралата и стравуваат дека пеесетина работници останале закопани под урнатините.
Повеќе од 100 возила за итни случаи, вклучувајќи ги и пожарникарите, полицијата и брзата помош, се наоѓаат на местото на несреќата, а над термоцентралата постојано се крева густ црн чад.
Експлозијата се случила вчера во 11:30 часот, сите куќи во близина на термоцентралата се оштетени од експлозијата.
|