Рибери: Тјери Анри ме кани во Барселона
Вторник, 09 Февруари 2010 09:58
Крилото на Баерн Минхен французинот Франк Рибери, призна дека има желба да ја напушти Германија и баварскиот тим, со желба да освојува повеќе трофеи. Тој откри дека и неговиот соиграч од францускиот национален тим Тјери Анри, посакувал да го види во редовите на Барселона.

Најдобриот фудбалер во германското првенство за 2008 година, е загрижен дека неговата кариера може да заврши без тој да освои ниту еден поголем трофеј.

„Сакам да освојувам трофеи и да се забавувам. Немам повеќе дваесет години, и се сум поблиску до крајот на кариерата“ – изјавил Французинот.

Тој признава, дека иако Баерн Минхен е големо име и голем клуб, дека сепак актуелниот состав не е на нивото на останатите елитни европски тимови.

„Баерн е се уште гигант. Тој е еден од најголемите во светот, но се чувствува дека нашиот тим не е ни приближно на нивото на една Барселона, или еден Реал, Манчестер Јунајтед или Челзи“

Рибери е сеуште во недоумица околу понудата за продолжување на договорот со неговиот актуелен клуб Баерн, додека изминативе неколку недели интензивно е поврзуван со трансфер во еден од шпанските гиганти, Барселона или Реал Мадрид.

Коментари (0)Add Comment

Напишете коментар

busy