|
Понеделник, 08 Февруари 2010 13:19 |
 Екс играчот на Реал Мадрид и Манчестер Сити,
постигна гол на своето деби за бразилскиот Сантос, после позајмицата која беше направена во зимскиот преоден рок од Манчестер Сити. Талентираниот напаѓач влезе во игра во второто полувреме и со извонреден гол ја обезбеди победата на својот клуб од 2:1 над Сао Пауло. Робињо не успеа да се снајде баш најдобро во Манчестер Сити, каде што конкуренцијата во финансиски моќниот клуб беше огромна, но затоа уште на првиот натпревар од враќањето во родната земја, ја затресе мрежата на противникот.
 |