|
Понеделник, 08 Февруари 2010 11:59 |
На 21 - те Зимски олимписки игри во Ванкувер 2010,
кои започнуваат на 12 ти февруари, Македонија ќе биде преставена од тројца натпреварувачи во три дисциплини: Антонио Ристевски во скијање слалом и велеслалом, Росана Кировска и Дарко Дамјановски во кантри крос – слободен стил, на 10 и 15 км.
- Веруваме дека македонските олимпијци достојно ќе ја престават Македонија и ќе нè израдуваат со подобар пласман во однос на минатите Зимски олимписки игри. Ги испраќаме со огромна подршка и верување дека ќе дадат сè од себе за што подобри резултати – изјави претседателот на МОК, Васил Тупурковски.
Пред заминувањето за Канада средба со олимпијците оствари и Директорот на агенцијата за млади и спорт, Драган Ѓурчевски. Тој им посака среќа, храброст и достоинствено преставување на својата земја.
 |