|
Сабота, 07 Март 2009 15:03 |
Јапонската влада преку донација во опрема ќе го унапредува и развива кендо-иаидо спортот во Македонија, кој е исклучително популарен во земјата на изгрејсонцето.
За таа цел, Амбасадорот на Јапонија во Австрија, Аико Танака денеска свечено ја предаде донацијата за Кендо-Иаидо Федерацијата на Македонија која е донирана од Сејапонската Кендо Федерација. Донацијата, која беше предадено во просториите на Агенцијата за млади и спорт, се состои од комплетна опрема која ќе се користи за развој и унапредување на кендо и иаидо спортот во Македонија. Притоа, Амбасадорот Танака истакна дека преку кендо-иаидо спортот личноста се изградува во здрава и цврста индивидуа и најави слични вакви донации во иднина, за развој на овој спорт во Македонија. /крај/со/ап/ Copyright 2009 Makfax. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Makfax
 |