Хидинк ќе го казни Ешли Кол со 160 илјади фунти
Петок, 06 Март 2009 11:43

Тренерот на Челзи, Гус Хидинк парично ќе го казни одбранбениот фудбалер Ешли Кол со 160 илјади фунти поради непримерното однесување поради кое беше уапсен и од лондонската полиција.

 Покрај огромната парична казна, Кол ќе биде надвор од тимот на Челзи за четвртфиналето од Купот на Англија. Се очекува казнени мерки против Кол да изрече и селекторот на "Гордиот Албион", Фабио Капело, кој според британските медиуми нема да го повика левиот страничен одбранбен играч за следните мечеви на англиската репрезентација.

Како што е познато, фудбалерот на лондонски Челзи, Ешли Кол бил уапсен пред два дена во раните утрински часови поради нарушување на јавниот ред и мир во пијана состојба. Англискиот репрезенаттивец бил приведен во Јужен Кингстон во два часот по полноќ по што бил однесен во полициската станица каде добил казна, а полициската зграда ја напуштил после 5 часа.

Вработените во ноќниот клуб Колекшн каде Кол се забавувал вечерта изјавиле дека поранешниот фудбалер на Арсенал бил уапсен веднаш штом излегол од клубот поради тоа што вербално започнал да ги навредува полицајците.

Коментари (0)Add Comment

Напишете коментар

busy