|
Четврток, 05 Март 2009 13:02 |
|
Горан Пандев го диригираше пресвртот со кој Лацио дојде до победата против Јувентус на домашен терен од 2:1, во првиот натпревар од полуфиналето во Купот на Италија. Македонскиот репрезентативец го постигна израмнувачкиот погодок, а притоа асистираше и за водство на "небесно-сините" преку Томазо Роки во 78. минута.
- Момците прикажаа решителност и не потклекнаа по водството на Јувентус. Ова е ташка сезона за нас и Купот ни е единствениот извор за трофеј, така што очекувам да ја прикажеме истата игра и во реваншот со цел да се пласираме во финалето - изјави тренерот на римскиот клуб Делио Роси. "Старата дама" одигра подобро во првото полувреме и веќе во 17. минута постигна навидум регуларен гол преку Винченцо Јакинта, кој беше поништен поради офсајд. Избраниците на Клаудио Раниери продолжија да напаѓаат, а тоа им се исплатеше со водечкиот погодок на Марко Маркиони на десет минути пред паузата. Лацио се освести во вториот дел и, предводено од нашиот најдобар фудбалер, успеа да ја преземе контролата врз мечот. Струмичанецот го навести пресвртот со прекрасниот гол од свртување во 65. минута, а потоа и го послужи партнерот во нападот Роки за значајна победа во пресрет на реваншот (22 април). Ова беше четврти гол за Пандев во Купот или вкупно 12-ти сезонава
 |