|
Вчера на прес-конференцијата одржана во хотелот "Александар палас", при својата еднодневна посета на македонската престолнина, претседателот на Европската фудбалска федерација (УЕФА) Мишел Платини изјави дека нема ништо против формирањето балканска лига.
Вчера на прес-конференцијата одржана во хотелот "Александар палас", при својата еднодневна посета на македонската престолнина, претседателот на Европската фудбалска федерација (УЕФА) Мишел Платини изјави дека нема ништо против формирањето балканска лига. - Немам ништо против нејзиното формирање, но Статутот на УЕФА не дозволува организирање на едно такво натпреварување. Но, доколку се најдат сериозни партнери и се понудат конкретни проекти, може подоцна да се разговара околу таа тема - рече високиот челник на УЕФА, кој допатува во Скопје во придружба на Кевин Па Мур, прв негов асистент, Тео Платирадис, директор на националните федерации и на Паскал Тери, директор на сите развојни проекти на УЕФА. Првиот човек на "европската куќа на фудбалот", кој е трет пат во Македонија, но прв пат како претседател на УЕФА, во Скопје е гостин на ФФМ по повод одбележувањето на 100-годишнината на фудбалот во Македонија. Вчера точно напладне, Платини го посети Споменикот на фудбалот во Скопје, каде што доајенот на македонското спортско радионовинарство Ивко Панговски ги информираше околу почетоците на фудбалската игра во нашата држава. Според дневната агенда, Платини потоа се упати кон стадионот "Филип Втори", каде што се увери за текот на работите околу неговата доизградба. Потоа тој замина во Владата, на средба со премиерот Никола Груевски. На неа се разговарало околу заедничкиот проект на Владата, УЕФА и на ФФМ - изградба на македонска куќа на фудбалот и на тренинг-камп. Високиот гостин на УЕФА ја искористи работната посета да се сретне и со францускиот амбасадор Бернар Валеро. Во вечерните часови, Мишел Платини замина од скопскиот аеродром за Молдавија
 |