|
Среда, 04 Март 2009 12:02 |
|
Првиот човек на Европската фудбалска федерација - УЕФА Мишел Платини денеска на покана на ФФМ ќе биде гостин во Македонија.Претседателот на УЕФА на скопскиот аеродром „Александар Велики“ треба да пристигне во претпладневните часови, а во рамките на прославата 100 години фудбал во Македонија точно напладне ќе го посети споменикот на фудбалот во Скопје.
Платини денеска ќе оствари средба со премиерот Никола Груевски и ќе го посети националниот стадион „Филип Втори“. Во попладневните часови тој ќе има и средба со новинарите, а планирани се состаноци со првите луѓе на ФФМ, претседателот Хари Хаџи-Ристески и генералниот секретар Никола Костов, и со францускиот амбасадор во Република Македонија Бернар Валеро.
 |