Лацио го победи Јувентус, Пандев стрелец на израмнувачкиот гол
Среда, 04 Март 2009 11:45

Екипата на римски Лацио ја доби првата полу-финална пресметка од италијанскиот фудбалски куп против Јувентус со 2:1, а стрелец на еден од двата гола на домаќините беше Горан Пандев.

Иако гостите од Торино водеа со голот на Маркиони во 34 минута, Лацио преку нашиот репрезентативец Пандев го израмни реултатот во 65 минута, а 8 минути подоцна преку Роки домаќините стигнаа и до минимална победа.

Реванш натпреварот се игра на 22 април во Торино.

Вечерва од 20 часот и 45 минути во Милано, Интер игра против Сампдорија.

Коментари (0)Add Comment

Напишете коментар

busy