Бекам во Милан до крајот на сезоната
Вторник, 03 Март 2009 12:05
Челниците на Лос Анџелес Галакси и Милан постигнаа договор Дејвид Бекам да остане во италијанскиот клуб до крајот на сезоната, јавила денес телевизијата Си-Би-Ес (CBC).

Спрема наводите на телевизијата, Бекам кој е од јануари на позајмица во Милан, во јули ќе се врати во Лос Анџелес, а до договор дојде откако Галакси сепак ја прифати понудата на Милан од помалу од десет милиони евра.

До крајот на сезоната во Италија останаа уште12 кола, а Бекам до сега одигра седам натпревари и постигна два гола.

Екипата на Милан го зазема третото место на табелата во Серија А со 48 бода, 12 бода помалку од водечкиот Интер.

Коментари (0)Add Comment

Напишете коментар

busy