Манчестер Јунајтед ја освои титулата во Лига купот
Понеделник, 02 Март 2009 11:13

Манчестер Јунајтед ја освои титулата во англискиот Лига куп со победа на пенали против Тотенхем на Вембли во Лондон.

Финалистите на 49. Лига куп, шести спонзориран од Карлинг, не погодија по 90 и по 120 минути, па решаваше рулетот.

Гигс, Тевез, Роналдо и Андерсон од белата точка ставија печат на третиот клупски пехар во ова натпреварување, втор сезонава по оној од декември со кој тимот од Олд Трафорд се качи на врвот на светскиот фудбал.

О Хара и Бентли промашија за Тотенхем, а голот на Чорлука беше недоволен за петти Лига куп трофеј во витрините на Тотенхем.

Коментари (0)Add Comment

Напишете коментар

busy