Претставник на Милан патува во Галакси во вторник
Среда, 18 Февруари 2009 18:48

Директорот на Милан, Умберто Гандини ќе замине за Лос Анџелес во вторник за да се обиде да го осигура потписот на Дејвид Бекам.

Англискиот интернационалец е на позајмица кај Росоњерите од јануари, но треба да се врати во САД на 9 март.

Откако Бекам изрази желба да остане на "Сан Сиро" за постојано, Милан започна преговори за трансфер со неговиот клуб ЛА Галакси, но тие веќе одбија една понуда на италијанците.Според информациите од Sportmediaset, Галакси бара најмалку 13,5 милиони фунти за услугите на Бекам додека првичната понуда на Милан беше блиску 5 милиони фунти.

Гандини заминува за САД да најде компромис околу трансферот и има дозвола да преговара за 10 милиони фунти.

Коментари (0)Add Comment

Напишете коментар

busy