| Џена Џејмисон роди близнаци |
Кралицата на „филмовите за возрасни“ Џена Џејмисон се породи во Њупорт, Калифорнија. Таа роди две момчиња, кои се наоѓаат во добра здравствена состојба, а нивните имиња се уште не се објавени. Татко на близнаците е борачот Тито Ортеиз со кој Џејмисон е во врска од 2006 година, кога се разведе од продуцентот Џеј Грдин. Актерката неколку пати изјави дека сака да стане мајка, откако во 2004 година преживеа спонтан абортус и и беше дијагностициран рак на кожата. Џена Џејмисон и Тито Ортез се запознале преку страницата за дружење „мајспејс“.
![]()
Коментари (0)
![]() Напишете коментар
|





