| Полициска потера по Линдзи Лохан |
22-годишната холивудска актерка Линдзи Лохан повторно е во центарот на вниманието на светскиот печат, но овојпат не поради нејзината зависност или лезбејската врска, туку поради тоа што за неа е издадена полициска потера, поради налог издаден за нејзино апсење уште во мај 2007 година за возење во пијана состојба и бегање од полицијата.
Иако полицијата и сугерирала самата да се предаде, за да не мора тие да интервенираат, таа тоа не го направила, па издавањето потера е логична постапка. Адвокатот на Лохан изјави дека се надева дека дошло до недоразбирање и дека е смешно што полицата ја охрабрувала сама да се предаде со оглед на тоа што Линдзи е „celebrity“. Според него, само се сакало да се предизвика медиумски циркус. Налогот за апсење на Лохан е издаден пред две години, кога таа со својот „Мерцедес-Бенз“ поради сомнително возење на „Сансет“ булеварот требала да застане, но таа наместо тоа дала гас и побегнала, а нејзиниот автомобил подоцна е најден заедно со мало количество кокаин. Со оглед на тоа што ја прекршила одредбата која и ја издал Врховниот суд на Беверли Хилс, може да се случи наместо парична казна, Линдзи да остане некое време во затвор. „Се плашам за неа бидејќи и посакувам се најдобро во животот. Еднаш реков и ќе повторам пак - таа мора да биде посебно внимателна меѓу сите тие луѓе кои ја опкружуваат. Многу ме мачат сите негативни елементи во нејзиниот живот“, изјави таткото на Линдзи, Мајкл Лохан. Адвокатот на младата актерка вели дека таа се однесувала во согласност со указите и одредбите кои и ги одредил Врховниот суд. Затоа ќе поднесе жалба. Од полицијата велат дека навистина не сакале да издадат потерница за неа на таков начин, но таа не се појавувала на сите повикувања. Коментари (1)
![]() Напишете коментар
|




