Бритни Спирс покажа повеќе отколку што треба

Бритни Спирс (27) својата повратна турнеа ја одбележа со огнени и спектакуларни настапи.

Во текот на еден концерт пејачката менува по неколку комбинации облеки, а такво нешто подготвуваше и за настапот во Тампа. Меѓутоа, додека ја изведуваше песната „I`m a Slave 4 U“ таа покажа и повеќе одколку што сакаше.

„Ми испадна пи....“, викнала Бритни додека се симнувала во гардеробата, несвесна дека микрофонот и е сеуште вклучен и дека може да ја чуе публиката. Пејачката претпоставила дека микрофонот е исклучен, бидејќи на концертот испеала само една песна во живо а останатите оделе на плеј бек. Во меѓувреме нејзиниот татко Џеми отпушти тројца танчери бидејќи се покажале позитивни на тестот за дрога.


Тестовите се дел од договорот кој го потпишале и со кој се опфатени сите танчери кои учествуваат на концертите на Бритни, а на Џејми не му требаше долго време за да се реши од „издрогираната“ тројка бидејќи после се, такво опкружување за неговата ќерка.

Коментари (0)Add Comment

Напишете коментар

busy