|
"Некст тајм" гости на "Беовизија" |
|
Македонските евровизиски претставници "Некст тајм" ќе бидат специјални гости на полуфиналето на фестивалот "Беовизија", каде што Србија ќе го избере својот претставник за во Москва.
В сабота, во "Сава центарот" во Белград, близнаците Мартин и Стефан ќе ја исполнат евровизиската "Нешто што ќе остане". Освен "Некст тајм", во ревијалниот дел ќе настапат и Мартина Мајерле, претставничката на Словенија, Игор Цукров и Андреа Шушњара од Хрватска, Андреа Демировиќ од Црна Гора и "Регина" од Босна и Херцеговина. Србија годинава нуди повеќе дебитанти, а помалку познати имиња кои ќе влезат во трката за "Евросонгот" во Москва. Ана Николиќ, Лејла Хот, како и Миња Самарџиќ, ќерката на пејачот Жељко Самарџиќ, ќе бидат дел од дваесеттемина натпреварувачи во полуфиналето в сабота. Половина од нив ќе влезат во финалето, кое ќе се одржи на осми март, в недела. Половина од гласовите од жири-комисијата и половина од гласовите од телевоутингот ќе решат кој од десеттемина финалисти ќе патува за Москва
|