Црвeниот кармин- повторно во мода
Недела, 07 Февруари 2010 12:18

Доколку сакате да изгледате совршено за вечерното излегување,

а немате доволно време да се средите – тука е црвениот кармин!
Маскара, руменило и сензуална црвена боја на вашите усни – вие сте спремни за излегување.

Црвената боја мами и ве чини посебни.

Црвениот кармин е тежок за одржување и нанесување затоа ќе ви дадеме неколку совети - да изгледа исто како во моментот на нанесување.

1.Усните мора да бидат суви, без масна крема или сјај

2.Моливот за усни кој ќе го употребувате треба да биде иста нијанса како и карминот да не се разликува.Со моливот пројдете на ивиците од усните, но да не се обидувате да ги зголемите или смалите.Дамите често грешат кога со моливот ги “зголемуваат усните”- во тој случај карминот се разлева а вие ќе изгледате како во истиот момент да сте изеле цела тегла ајвар.Ако се обидете да ги “смалите” усните ќе изгледаат недовршено.

3.Откога ќе го нанесете моливчето на ивиците од усните, следен чекор кој треба да го направите е да ја минете целата површина на усните со моливот.Потоа напудрете ги со пудра во прав, која дополнително ќе го спречи разлевањето на карминот.

4.Вашите усни се спремни за нанесување на карминот- најдобар ефект ќе постигнете доколку карминот го нанесувате со четкичка за кармин, така нема да ги минете ивиците на усните, а и забите ќе ви останат бели без траги од кармин.
Нијансата на карминот изберете ја сами, бидејќи сите црвени нијанси се повторно во мода!

Коментари (0)Add Comment

Напишете коментар

busy