|
Недела, 07 Февруари 2010 11:06 |
 Според истражувањата на научниците
од Светската Здравствена Организација утврдено е дека луѓето со прекумерна телесна тежина живеат подолго. Истражувањето го започнале во 1996 година на примерок од 4.677 мажи и 4.563 жени на возраст од 70 до 75 години, следејќи ги 10 години се до нивната смрт, утврдиле дека седумдесетгодишните старци кои имаа вишок на килограми имаат помала опасност да умрат во наредните десет години отколку нивните послаби врсници.
Севкупното истражување се вршело врз лица во Австралија, водејќи сметка за општата здравствена состојба и начинот на живот кај нив.
Испитувањата се врчеле според индексот на телесна тежина (БМИ), овозможувајќи следење на количината на масти во организмот.
Научниците велат дека луѓето по својата БМИ влегуваат во категоријата на луѓе со прекумерна телесна тежина и имаат 13 проценти помалку шанси да умрат во следните 10 години од тие со нормален БМИ.
Според директорот на истражувањето др. Леон Фликер од Универзитетот Вестерн Австралија изјавил дека добиените резултати говорат дека нормите за телесна тежина која ги утврдила Светската здравствена организација за старите лица со прекумерна тежина се многу рестриктивни И би требало да се ревидираат.
 |