|
Чавес и браќата Кастро го поддржаа штрајкот со глад на Моралес |
|
Претседателот на Венецуела Уго Чавес и сегашниот и поранешниот кубански претседател, Раул и Фидел Кастро, во Хавана му изразија поддршка на шефот на боливиската држава Ево Моралес кој пред неколку дена почна штрајк со глад.
Моралес се одлучи да штрајкува со глад со цел да изврши притисок на Конгресот да го усвои изборниот закон кој ќе му го олесни воспоставувањето контрола над Парламентот на општи избори кои се планирани за декември. Ова е втора посета на Чавес на Куба годинава, а според кубанските медиуми, венецуелскиот претседател со домакините разговарал за меѓународни прашања и за билатералните односи за кои оцениле дека активно се развиваат.
|