| Македонија купува огромни количества струја поради ремонти на централите |
|
Од компанијата велат дека тендерот за набавка на струја е редовен поради почетокот на годинашните ремонти на производните елеткрокапацитети во земјава. Тендерот предвидува набавка на 139.570 мегават-часови дневна енергија и 10.780 ноќна. Според условите на тендерот, понудувачите можат да понудат и само дел од потребната електрична енергија или само за одредени месеци од наведениот период, а купувачот има право да користи отстапување на моќноста од плус, минус 20 отсто од договорената моќност на неделни возни редови, како и набавката да ја подели на повеќе понудувачи. Главен критериум за набавката се цената, на која отпаѓаат 90 бода и начинот и рокот на плаќање со 10 бода. Од понудувачите задолжително се бара гаранција на понудата во вид на оригинална банкарска гаранција во висина од три отсто од вредноста на понудата, а од понудувачот чија понуда е избрана за најповолна ќе се бара банкарска гаранција за квалитетно извршување на договорот издадена од првокласна банка во висина од 10 отсто од вредноста на договорот, со важност 10 дена подолга од важноста на договорот. Крајниот рок за доставување на понудите е 13 април, кога и ќе биде јавното отворање на доставените понуди. Коментари (0)
![]() Напишете коментар
|




