Староста почнува од 27-та година
Недела, 15 Март 2009 19:04
Кога ќе заборавиме каде се клучевите од автомобилот, или пак некои зборови или кога ќе го испуштиме возот - тоа се припишува на староста. Но новите истражувања покажуваат дека многу добро познати ефекти на стареењето се манифестираат многу порано отколку што се мислеше претходно.

Според научниците, нашите ментални способности почнуваат да опаѓаат по 27-та година, а врвот се достигнува на 22 години.

Обемно истражување е спроведено над 2.000 мажи и жени на возраст од 18 до 60 години во текот на 7 години и на испитаниците кои биле со добро здравје и образование им биле задавани визуелни загатки, задачи со памтење на зборови и детали од приказни како и да забележуваат детали и симболи.

Слични тестови се прават за да се дијагностицираат менталните способности и падови, вклучувајќи ја тука и деменцијата (Алцхајмерова болест)

Истражувањето на Универзитетот од Вирџинија покажало дека во 9 од 12 тестови просечната возраст кога биле даде врвни резултати била 22 години.

Прва возраст каде има значително послаби резултати на тестовите била 27. Меморијата значително почнала да опаѓа на 37 години, а најслаби резултати имало на возраст од 42 години.

Резултатите сугерираат дека терапиите за заштита од проблемите на староста треба да почнат порано, многу порано пред пензионерските денови.

Една добра вест од истражувањето е дека акумулираното знаење што се состои од добар речник и добри општи познавања постојано се зголемува до 60-годишна возраст.

Коментари (1)Add Comment
...
напишал Bisera, February 15, 2010
iiiiiiiiii imam uste edna godina smilies/sad.gif
Пријавете несоодветен коментар
гласај против
гласај за
Гласови: +0

Напишете коментар

busy