Меѓу жртвите на светската економска криза се најдоа и љубовниците на богатите менаџери, објави британскиот весник „Дејли Телеграф“. Истражувањето на агенцијата „Принс едн Асошиејтс“ покажа дека 80 отсто од богаташите на разлилни начини ги укинале трошоците за т.н. друга жена. Според резултатите од истражувањето, речиси половина од менаџерите, брокерите и разни финансиски експерти се обидуваат да се ослободат од љубовниците. Според „Дејли Телеграф“ „дојдоа тешки времиња за девојките за уживање“.
„Како и луксузниот автомобил и љубовницата бара време и пари. Затоа, кога богаташот мора да штеди, љубовницата е меѓу првите нешта од кои треба да се одрече“, смета Џош Сперо, чија што агенција го спроведе истражувањето. Доколку богаташот сепак не сака да се одрече од љубовницата, мора да го прифати фактот дека времињата се тешки и оти нема да има скапи подароци. Светските агенции посочуваат дека „тие господа подложат на остра критика поради високите плати и бонуси во компаниите кои што се борат да преживеат“. Затоа тие, во став за својата финансиска состојба и финансиската состојба на нивните семејства, одлучуват да ги укинат вонредните трошоци и најпрвин се ослободуваат од љубовниците. Во САД; земја во длабока рецесија, објавен е прирачник за прељубници, каде добиваат основни упатства а тоа како да преживеат во тешките времиња.
 |