|
Понеделник, 16 Март 2009 21:51 |
|
Ја знаете онаа урбана легенда која се случила во некое македонско село на некои избори ( искрено ја раскажуваат за различни партии па така да не грешиме душа, ама дури и не е важно за која партија се работи бидејќи легендата е многу близу до вистината). Дошле функционерите, си донеле членство за митингот и почнале:
„Ќе ви направиме улици“.Членството скандирало: „Ееее“. „Ќе ви направиме фабрики“, членството пак скандирало: „Еее“. Функционерите продолжиле: „Школи ќе ви направиме“. Тогаш на некоја невина душа која не била искусен партиски војник, туку партиски војник – гуштер почетник, и се испуштило: „Што ќе ни се школи, немаме деца“. Ама партиските функционери искусни во празните ветувања воопшто не дале да се збунат туку продолжиле: „И деца ќе ви направиме“. Членството тогаш по инерција пак си продолжило: „Еее“. Но, кај ни беше муабетот. Tought Guy Challenge е еден вид натпреварување каде ентузијасти се натпреваруваат за “најсилен човек на светот“ и се одржува секоја година. Да ги пратиме кандидатите за Претседател или за градоначалници (барем на Скопје) да видиме колку вистински се спремни да се жртвуваат за Македонија или за Скопје кои се секојдневно ги спомнуваат и „оправаат“ во нивните митинзи. Господа политичари слободно докажете се...Еве натпреварување за Вас.
 |