|
Русокосата австралиска убавица Imogen Bailey во својата татковина е позната како актерка, пејачка и една од најпосакуваните девојки на насловните страници на машките магазини. Телото со занесните облини и заведлив поглед и фактот што секси Imogen е се освен срамежлива е доволна причина за толкавата популарност.
Висока е само 155 cm, но заради правилните пропорции и атрибути од кои е тешко да одлепите очи, тоа паѓа во втор план. Imogen е вистинска џебна Венера која на мажите и забрзува пулсот а на жените им предизвикува завист. Дека оваа девојка освен доброто тело има и дар за бизнис, најдобро зборува тоа што разликата од многу обдарените убавици таа не чекала да ја приметат ловците на таленти, туку самата издала календар со секси фотографии кој стана вистински хит. После тоа за неа почнале да се „караат“ уредниците на машките магазини и по секоја цена сакале да ја имаат на своите насловни страни и секако на средните страници на своите магазини. Не требало долго време Imogen да стане една од најбараните австралиски модели, но тука не застанала. Наскоро почнала да се занимава со глума и пеење, а тогаш и Австралија станала премала за нејзините амбиции, па се населила на Стариот континент. На задоволство на припадниците на посилниот пол, секси Австралијката и натаму најмногу сака да се фотографира со малку или ни малку парчиња на себе. „Јас инаку сум многу срамежлива. Кога ќе ме видите на насловните на магазините, имајте на ум дека тоа не е вистинската Imogen. Можеби тешко е да поверувате во тоа, но јас навистина сум многу срамежлива“, порачува секси убавицата на која тешко да и поверуваме во нејзината срамежливоста. Фотографиите сепак зборуваат сосема друго...
 |