|
Понеделник, 22 Декември 2008 11:41 |
|
Петтата тенисерка во светот, Ана Ивановиќ, повторно епрогласена за најсексапилна тенисерка на светот. Српската спортистка четврти пат по ред им ја „краде“ титулата на атрактивната тенисерка Марија Шарапова, која имаше двојно помалку бодови.
Иако е една од најдобрите тенисерки на денешницата, Ана има и други адути. Така мислат тениските репортери, кои ја избраа Ивановиќ преку гласање на сајт. Сезоната на награди за убавина ја отвори австрискиот весник „Д Ејџ“ кој ја прогласи за најубава тенисерка на сите времиња. Таа се најде и на 23 место на листата на најсексапилните жени на сите времиња според магазинот „ФХМ“, а потоа и на листата на германскиот весник „Билд“, кој ја наречена спортистка со најпожело тело.
 |