Тополанек – Оние што се против проширување се против основите на ЕУ
Сабота, 14 Март 2009 12:55
Граѓаните на земјите од ЕУ кои се обидуваат да го спречат ширењето на Европската унија (ЕУ) всушност се против основната идеја на Европската заедница.

 Ова го оцени претседавачот со ЕУ, чешкиот премиер Мирек Тополанек, одговарајќи на он-лајн прашања од граѓани во врска со проширувањето на Европската унија на земјите од Западен Балкан, пренесува Макфакс.

 Според Тополанек, проширувањето на просторот на безбедност, просперитет и слобода мора да продолжи, бидејќи тоа се вредностите на кои почива ЕУ.

 Создавањето на нови железни завеси, бариери или ѕидови е пат кон пеколот, вели Тополанек, додавајќи дека Западен Балкан е дел од Европа, а таму ЕУ се покажа неуспешна во деведесеттите години.

 Тие дозволија војната да ескалира во незапаметени размени, невидени од Втората светска војна, рече Тополанек.

 Без целосна интеграција на овие земји во Европската унија, додека се инсистира на исполнување на Копенхашките критериуми, ЕУ ќе создаде нов проблем во абдоменот на Европа, како што еднаш рече Винстон Черчил, додаде Тополанек, нагласувајќи дека тоа не е став само на Чешка, туку е мислење што преовладува во ЕУ.

 Признавам дека тоа нема да биде лесно, ниту пак е автоматски процес, а од друга страна тоа е единствениот пат напред, рече претседавачот со ЕУ, чешкиот премиер Мирек Тополанек. /крај/цп/мп

 

Коментари (0)Add Comment

Напишете коментар

busy