„Крафтверк“ ќе настапат на „Егзит“
Вторник, 17 Март 2009 15:02

Откако пред неколку дена беше соопштено дека „Арктик манкис“ ќе настапува на „Егзит“, сега листата се проширува со уште еден битен бенд за светската музичка сцена. Членовите на култната германска електрогрупа „Крафтверк“ на 11 јули ќе настапат на главната сцена на новосадскиот музички фестивал.

Иако на официјалната интернет-страница на „Егзит“ с? уште не е објавена оваа вест, сепак на интернет-страницата на „Крафтверк“ стои дека тие на 11 јули ќе настапуваат во Нови Сад на фестивалот „Егзит“.

Но, освен во Нови Сад, во текот на летото „Крафтверк“ уште еднаш ќе го посети Балканот. Имено тие на 24 јуни ќе настапат на хрватскиот фестивал „Ин мјузик“.

 

 


За сите македонски обожаватели на „Крафтверк“ што го пропуштија скопскиот концерт, кој се одржа на 16 јуни 2005 година на Скопскиот саем, ова ќе биде можност за „поправен“ испит. Скопски концерт на „Крафтверк“ беше во организација на „Литиум рекордс“ и претставуваше незаборавно шоу, кое и до ден-денес се смета за еден од подобрите концерти што се случиле во Македонија.

 

Коментари (0)Add Comment

Напишете коментар

busy