Мајкл Џексон распродаде 50 концерти за 4 часа!
Вторник, 17 Март 2009 14:59
И ваков каков што е, Мајкл Џексон повторно запишува рекорди во музичката историја.

Имено, никогаш досега не се случило некој да организира педесет концерти на едно место и влезниците за сите настапи да бидат распродадени за четири часа.

Но, тоа очигледно не е проблем за кралот на поп-музиката. Сите 750.000 влезници едноставно ги „снема“ за само четири часа.

Стотина фанови кампираа две вечери во Лондон крај „О2 арената“ за да осигураат билет за еден од неговите настапи.

„Искрено, такво нешто не можевме да предвидиме. Никогаш не помислив дека воопшто ќе дојде до тоа да се одработат 50 концерти. Гледајќи ги сите тие редици за карти, плус оние 300.000 резервирани, за кои се уште не сме подготвиле кодови, некако ми се чини дека овде најверојатно ќе ги помине следните две години“, велат промотерите.

Тригодишниот план за овие 50 концерти најверојатно ќе му донесе приход на Мајкл Џексон од околу 450 милиони долари нето приход.

„Очекувавме Џекоманија, но ова беше неможно да се предвиди. Се чини дека ги надминавме сите најдобри просеци досега во однос на продажбата на билети во ‘О2 арената’. Ова навистина нема скала по која би се мерело, ова едноставно е вон конкуренција, посебен случај!“, велат организаторите.

Со ова Мајкл Џексон и по толку бламирања во јавноста, сепак покажува дека е неприкосновен на сцената, а и понатаму останува пејач кој го сними најпродаваниот албум на сите времиња.

Коментари (0)Add Comment

Напишете коментар

busy