|
Понеделник, 08 Февруари 2010 12:58 |
 Бизнис академијата во Лајпциг годинава слави 110-годишен јубилеј од основањето,
и е најстарата високоoбразовна установа од областа на економијата во цела Германија.
Денес во бизнис академијата студира меѓународната бизнис елита и тоа на англиски јазик. Магистерските студии за бизнис администрација во времетраење од 15 месеци чинат цели 22.500 евра.Интересно е што 70 проценти од студентите се странци, а наставата се одвива исклучиво на англиски јазик.
Составен дел на образовната програма е прaксата во одредена фирма, студискиот престој во странство, а од неодамна и учеството на меѓународниот натпревар за најдобар преговарач.
 |