Иран започна со производство на гориво за нуклеарниот реактор
Недела, 07 Февруари 2010 13:36
Денес  претседателот на Иран  Махмуд Ахмадинеџад,  и нареди на Иранската организација за атомска енергија да започне со производство на нуклеарно гориво за реакторот во Техеран.

Државата Иран може сама да произведе 20 отсто од збогатеното гориво – велат надлежните. Западот имаше рок од два до три месеци за постигнување договор со нас. Но, тие започнаа  нова игра и затоа од наша страна се дадени веќе инструкции за производство на гориво во нашите капацитети. Иран има капацитети за збогатување ураниум со помош на ласерска технологија - изјави Ахмадинеџад.

Според нацрт-договорот на МААЕ иранските залихи на слабо збогатен ураниум треба да се намалат на ниво недоволно за производство на атомска бомба.

Но, Иран не прифаќа таков договор без измени и инсистира количината на слабо збогатен ураниум која ќе биде испратена во странство во првата пратка да биде помала од 1.200 кг.

 

Коментари (1)Add Comment
...
напишал dalibor, February 08, 2010
Ocigledno Irancive premnogu se opustaat. Nisto cudno Amerite da im vlezat u inicijativa.
Пријавете несоодветен коментар
гласај против
гласај за
Гласови: +0

Напишете коментар

busy